НБА лигата суспендирана: Гоберт пред два дена се шегуваше за коронавирусот, а сега е позитивен на заразата (ВИДЕО)

НБА лигата и официјално ја прекина сезоната 2019/20, откако играчот на Јута, Руди Гоберт беше позитивен на коронавирусот.

Натпреварот Оклахома – Јута предвиден да се игра ноќеска беше одложен во последен момент по веста за Гоберт. Французинот не беше присутен во арената.

Нешто подоцна раководството на најсилната светска кошаркарска лига реши да ја стави сезоната во мирување.

Тој пред два дена дојде на прес-конференција за натпреварот, каде на шега ги допре сите микрофони и без збор си замина.

На средбите одиграни ноќеска постигнати се следниве резултати:
Филаделфија – Детроит 124:106
Атланта – Њујорк 131:136 (по продолжение)
Мајами – Шарлот 98:109
Далас – Денвер 113:97.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот