Глушец од канализација и хормонално џуџе: Откриени навреди од екс-директори на Барселона кон Меси

Фото: EPA-EFE/Federico Anfitti

Нов голем скаднал се појави во Барселона откако весникот „Периодико“ објави пораки помеѓу поранешните директори на Барселона од времето на Жозеп Марија Бартомеу.

Бартомеу неславно го заврши своето водење на Барселона која ја остави во огромен долг од 1.3 милијарди евра. Поради тој долг Меси беше приморан да го напушти клубот и летото 2021 година премина во ПСЖ.

Сега се открива разговор на „ВатсАп“ во кои учествувале соработниците на Бартомеу: Оскар Грау, Жорди Моч, Ориол Томас, Давид Белвер, Панчо Шродер, Хавиер Собрино и Гонзало Понти.

Во разговорот се открива пораката на Понти во која го навредува Меси кој во тоа време се уште беше играч на Барселона.

„Барто (Бартомеу) не треба да бидеш толку многу добар со овој стаорец од канализација (Меси). Клубот му даде се, а тој прави диктатура. Тој се прашува за засилувања, трансфери, нови договори, спонзорски договори…Јас така не би можел со него…Таквите уцени се најлоши! Голема непристојност од тоа хормонално џуџе кон сите кои работиме во клубот. Кога работите ќе тргнат на лошо тебе ти доаѓа порака: Претседателе, намали им ја платата на сите други, но не и мојата и на Луис“, пишува Понти.

Засега никој од вклучените страни во скандалот не се огласил во јавноста да потврди или да ги демантира ваквите информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот