Главниот германски вирусолог предупредува: „Нормалноста“ нема да се врати долго време

epa08264460 Director Institute of Virology of the Charite Berlin Christian Drosten during a press conference on the handling of the coronavirus in Berlin, Germany, 02 March 2020. A first coronavirus infected person appeared in Berlin, the capital of Germany. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Главниот германски вирусолог Кристијан Дростен очекува дека светот, во однос на пандемијата, нема да се врати во „нормалноста“ долго време и рече дека не верува во можноста за слободно патување во текот на летото.

За јавниот сервис АРД, Дростен предупредува на влошување на епидемиолошката состојба на пролет.

Првиот човек на Ангела Меркел рече дека по Велигден сè уште нема да има доволно вакцинирани луѓе и предупреди дека ако тогаш се олабават мерките, ќе има ново силно ширење на коронавирусот. Тој е скептичен дека ќе биде можно слободно патување во текот на летото и смета дека засилените контроли на границата и намалениот воздушен сообраќај се корисни мерки.

– Ако имаме силна инфекција во земјата, тогаш не е многу важно дали се додава нешто однадвор, но ние веќе минавме голем дел од патот и затоа мора да бидеме внимателни што доаѓа од надвор, објасни Дростен.

Пандемијата, според него, се упте не може да се прогласи за „победена“.

– Овој вирус не е безопасен. Не може да се појде од тоа дека се опфатени ризичните групи и да се прогласи победа над пандемијата. Потребно е постепено да се олеснуваат мерките и секогаш да се анализира како тие функционираат, подвлече тој.

Во интервју за Шпигел во четврокот, тој истакна дека го загрижува британската мутација на ковид-19, а зборуваше и за мерката која предвидува задолжително работење од дома:

„Би било добро да се инспирираме од Ирците и нивната стратегија од минатата есен. Ирска воведе строги мерки во врска со работата од дома и очигледно беше доста ефективна. Со тоа автоматски се намалува зафатеноста на јавниот превоз. Постои и трет аспект каде се потребни подобрувања, нешто што го прават Британците: Насочен контакт и поддршка за социјално загрозените и групите што е тешко да се достигнат во пандемијата. Тука, вирусот често се шири експлозивно, бидејќи многу луѓе живеат во блиски простории и имаат работа што не им дозволува да работат од дома. Многумина можеби не го разбираат целосно проблемот претставен од ограничените простори. Мислам дека има уште многу што да се направи тука.“

Дростен предупредува дека вакцината нема така лесно да ги реши проблемите, односно дека мора да се реагира претпазливо во однос на олабавување на мерките:

„Откако ќе се вакцинираат старите лица и можеби дел од ризичните групи, ќе има огромен економски, социјален, политички и можеби и правен притисок да се стави крај на мерките за корона. И тогаш, огромен број луѓе ќе се заразат за многу кратко време, повеќе отколку што можеме дури и да замислиме во моментот. Нема да имаме 20.000 или 30.000 нови случаи на ден, туку до 100.000 во најлошо сценарио. Тоа, се разбира, ќе бидат првенствено помлади луѓе кои имаат помали шанси од постарите луѓе да развијат сериозни симптоми, но кога ќе се заразат огромен број на помлади луѓе, тогаш единиците за интензивна нега ќе се полнат во секој случај и многу луѓе ќе умрат. Само што тоа ќе бидат помлади луѓе. Можеме да го ублажиме ова страшно сценарио донекаде, доколку сега ги притиснеме бројките надолу. Јас не мислам дека заразата ќе престане да се шири оваа пролет, ниту пак претстојното лето. Фактот дека имавме толку релаксирано лето во 2020 година веројатно се однесуваше на фактот на тоа што пролетта, бројот на случаите остана под критичниот праг. Но, тоа веќе не е така. Се плашам дека ќе биде повеќе како во Шпанија, каде што бројот на случаи повторно се искачи брзо по укинувањето на блокадата, иако беше прилично топло. И во Јужна Африка, каде што во моментов е лето, бројот на случаи е на високо ниво…, рече0 тој.

Што се однесува до 2022 година, Дростен е уверен дека ситуацијата ќе изгледа подобро.

– Во текот на летото, за една и пол година, мислам дека ќе можеме повторно да славиме сосема нормално, заклучи германскиот вирусолог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот