Ѓорѓиевски: Кај мене покажување сила не поминува, ќе го вратиме знакот „Ја сакам Кисела Вода“

Фото: Орце Ѓорѓиевски / Фејсбук

Покажувањето сила кај мене не поминува, знакот „Ја сакам Кисела Вода“ ќе биде повторно вратен, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, откако големиот знак, кој беше поставен во населбата, денеска бил отстранет од служби на Град Скопје.

„Сакам да упатам јасна порака дека јас сум човек кој својот легитимитет го црпи директно од граѓаните и кај кој не поминуваат притисоци и вакви малодушни потези. Целата иницијатива за поставување на светлосната табла „ Ја ❤️ Кисела Вода”, по урнекот на неколку европски градови и општини, потекна од жителите на општината, кои за ова непосредно ме информираа. Почитувајќи ја нивната волја, пред пет месеци испративме барање до Градот Скопје, за кое добиме усмено одобрување, но на писмено, до денешен ден, немаме буквално никаков одговор, што според закон, значи премолчено одобрување. Токму затоа, дозволивме нашата општина да биде разубавена со оваа табла која е целосно финансирана од граѓаните. Ова утро, едно од човечињата во Градот се занимава со рушење на светлечка реклама, платена од нашите жители“ вели градоначалникот.

„Уште еднаш да напоменам дека покажувањето на сила кај мене не поминува, дека целосно застанувам зад моите сограѓани и дека знакот Ја сакам Кисела Вода ќе биде повторно вратен“, додава Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот