Ѓорческа продолжи да победува во Рим: Ќе игра и во финале!

Одличен резултат за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која попладнево со победата во полуфиналето на ИТФ фјучрсот W75 Рим над хрватската тенисерка Петра Марчинко од 2-1 во сетови (57 62 61) избори финале.

Ова за орческа е второто финале во 2024 година (во март играше во Ларнака, Кипар), а вкупно 35.то во кариерата и има 13.титули. Воедно ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра – 75.000 долари, претходно имаше два настапа на турнири од категоријата W60 на кои победуваше.

Самиот меч почна о брејк на македонската тенисерка, а во првите четири гема нитуи една тенисерка не успеваше да освои гем на свој сервис. Хрватката Марчинко поведе со 3:2 во гемови, но Ѓорческа врати и имаше водство од 5:3 во гемови, но до крајот на сетот освои само пет поени, а ривалката четири гема за да го освои првиот сет со 7:5 и водство од 1-0.

Во вториот сет повторно на стартот брејк за Ѓорческа, која по 1:1 во гемови направи серија од три гема за предност од 4:1 и сетот го заврши со 6:2 во гемови и успеа да изедначи. Дека е решена да игра финале македонската тенисерка покажа во решавачкиот сет кога поведе со 4:0 во гемови, што беше најава за победата во полуфиналето, откако сетот го заврши со 6:1 во гемови.

Мечот траеше 102 минути. Ѓорческа имаше 6 ас сервиси, а Марчинко само 1, а двојните сервис грешки беа значително намалени 4 за Лина, а 14 за хрватската тенисерка. Во вкупниот број на поени скорот беше 102:81 за Ѓорческа, а во вториот и третиот сет 62:36.

Во финалето противничка ќе и биде Оксана Селехметева од Русија (21 година, 415.место ВТА), која со убедливи 2-0 во сетови (60 62) ја победи Леа Бошковиќ од Хрватска. Селехметева најдобриот ранг во кариерата го имала на 8.август 2022 година кога била пласирана на 138-то место на ВТА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот