Ѓоковиќ го губи првото место на АТП листата?

Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет/Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

И покрај поразот од Карлос Алкараз во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мадрид, Новак Ѓоковиќ ќе го задржи првото место на АТП листата која излегува во понеделник.

Тоа ќе биде вкупно 369 недела која српскиот ас ја започнува како прв на АТП, а дали ќе остане на врвот и на листата која ќе биде објавена на 15 мај ќе зависи од резултатот на турнирот во Рим.

Единствениот кој би можел да го престигне, иако воопшто не настапува во италијанскиот главен град е Русинот Данил Медведев. Таа можност постоеше и пред Мастерсот во Мадрид, кога пред Ноле имаше две опции да се обезбеди останување на првото место и по Рим.

Првата беше да се стигне до финалето во главниот град на Шпанија и најмалку во третото коло во Рим. Оваа опција испадна откако беше запрен од Алкараз во полуфиналето. Но, Ноле има уште една шанса, иако нема да биде воопшто лесно, имајќи предвид како изгледа жрепката за турнирот во Рим.

Ѓоковиќ треба да го повтори успехот од Мадрид во Рим, односно да стигне барем до полуфиналето. Во тој случај ќе има 50 бодови повеќе од Медведев на листата што ќе биде објавена на 15 мај.

Сепак, тоа не би било доволно за да остане на кормилото до крајот на „Ролан Гарос“. Причината е што во неделата пред почетокот на Отвореното првенство на Франција му се бришат 250 бода, кои ги освои со триумфот на Отвореното првенство на Белград.

Затоа е важно Новак да го одбрани ланското финале во Рим, иако ќе биде тешко, бидејќи жрепката веќе во полуфиналето го одреди Рафаел Надал, кој ќе има „полесен“ пат до финалето бидејќи за разлика од Мадрид, Алкараз не е на неговиот пат во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот