Гир со порака од Битола: И Бугарија и Македонија треба да работат на добрососедските односи

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир денеска од Битола порача дека за спроведувањето на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија и двете страни треба направат напори со цел да се развијат позитивни односи.

– Потребни се напори и преземање обврски од двете страни, во добра волја за да се развијат овие позитивни односи, и двете страни да направат напори за имплементација на Договорот за добрососедство, за тој да се имплементира во добра волја за да има корист двете страни, изјави Гир, одговарајќи на новинарско прашање на отворањето на Јуроп хаус во Битола.

Според него, сите земји имаат корист од развој на добрососедските односи во контекст на развивање на економијата, креирањето на нови работни места, културата и целото општество.

-Она што е најважно е дека сите страни треба да направат сѐ што е можно сѐ со цел да се креира атмосфера тие односи да бидат попродуктивни и покорисни колку што е можно повеќе, вели Гир.

Во контекст на Договорот за стабилизација и асоцијација, којшто е првиот договор за односи со ЕУ, и во контекст на пристапните преговори, додаде Гир, секогаш е од огромна важност да се развиваат добри релации во однос на добрососедски односи.

– Она што сакаме ние да видиме е оваа земја да биде оценета врз основа на напредокот што ќе го постигне во процесот на реформи и сите напори треба да се фокусираат на тоа, на креирање работни места, развој на енергетскиот сектор, животната средина, владеење на правото, она што директно влијае врз животот на граѓаните, изјави евроамбасадорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот