Гир очекува спроведување на реформите кои побрзо ќе не однесат во ЕУ

Спроведување на реформи кои побрзо ќе не однесат во Европската Унија и чекори со кои Македонија ќе покаже вистински заложби за европската иднина, очекува евроамбасадорот Дејвид Гир кој ги коментираше изборите кои се случиле и рече дека биле фер и демократски. Како што порача Гир, ЕУ би соработувала со сите политички чинители кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евроинтегративните процеси во државава.

„Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведување на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ“, истакна Дејвид Гир.

На новинарско прашањето дали тие разговараат со партиите и дали ќе се заложат за интеграција на земјата во ЕУ, Гир одговори дека се во комуникација со сите.

„Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување е дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија“, истакна Дејвид Гир.

На патот на Македонија кон Европската Унија стојат повеќе пречки. Освен уставните измени со кои треба да ги внесеме Бугарите во Уставот, земјава треба да спроведе сериозни реформи, посебно во правосудството, но и да покаже резултати во борбата против криминалот и корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот