Гинекологот од Ремедика што ја пораѓаше пациентката, ниту има Ковид 19, ниту се тестирал

германија ковид
Ковид-19 / Фото: МИА

Бебето било ставено во изолација веднаш по породувањето, како дел од стандардна продецура на безбедност која се применува во сите случаи кога се очекува резултат од брис од мајката.

Гинекологот од Ремедика што ја пораѓаше пациентката која ги криеше контактите на ГАК, ниту има Ковид 19 ниту се тестирал за вирусот.

Поминат е многу краток временски период за инкубација на вирусот, за воопшто лекарот и да биде тестиран, а за време на изведувањето на царскиот рез, тој и целата екипа носеле комплетна лична заштитна опрема по протокол, а пациентката ја третирале како суспектна на Ковид 19 и ја згрижиле по такви процедури.

Комисијата за превенција на Интрахоспитални инфекции во Ре-Медика неделава по објавувањето на случајот со родилката што се претставувала како докторка, информираше дека пациентката во Ре-медика дошла во понеделникот, на 8 јуни, во активна фаза на раѓање, со болки. Била примена по протокол кој се применува кај сите пациентки кои се водат или примаат за раѓање во Ре-Медика.

За цело време пациентката, која била без никакви респираторни симптоми, носела маска, а персоналот кој бил во медицинската екипа, бил заштитен со средства за комплетна лична заштита по протокол. Поради медицинска индикација, направен бил царски рез во посебно изолирана сала за таа намена, а целата екипа при тоа била комплетно заштитена.

Бебето било ставено во изолација веднаш по породувањето, како дел од стандардна продецура на безбедност која се применува во сите случаи кога се очекува резултат од брис од мајката.

Новороденото дете е добиено во добра кондиција, без директен контакт со мајката, ставено во изолација до добивање на резултатите од мајката.

Постоперативно, мајката е повторно сместена во посебна изолирана соба за следење и третман, каде и престојува до добивање на позитивниот наод од брисот, по што била префрлена за понатамошно следење на Клиниката за Инфективни болести.

Ре-медика се консултирала со епидемиолошката служба при Центарот за Јавно здравје по протокол и превземени се сите мерки за безбедност, со што болницата останува безбедна за пациентите и своите вработени. Почитувањето на стандардите и пропишаните протоколи за заштита,се секојдневна пракса во болницата, со што се обезбедува сигурност за сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот