Ги носам „до смрт“: Анџелина Џоли паузира со актерството и вложува во нов бизнис

анџелина џоли
Анџелина Џоли / Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Анџелина Џоли реши да направи мала пауза од актерството за да се фокусира на започнување нов бизнис. Актерката напорно работи на создавање линија на облека и накит.

Анџелина Џоли
Фото: Анџелина Џоли на премиерата на „Eternals“ / Извор: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Џоли веќе поднела барање за заштита на брендот наречен „Atelier Jolie“. На овој проект работи една година и се надева дека барањето наскоро ќе биде одобрено, пишува Daily mail“.

„Таа е голем поборник за одржлива мода и тоа е нешто на што ќе се фокусира. Новиот бизнис е сè уште во зародиш“, изјавил извор за американските медиуми.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Неодамна во интервју за магазинот „Vogue“ зборуваше зошто ја поддржува одржливата мода.

„Вложувам во квалитетни парчиња облека, а потоа ги носам „до смрт“. Немам проблем да носам чизми, капут или чанта долго време. Освен тоа, купувањето облека од втора рака е и чекор кон одржлива иднина“, рече таа.

ФОТО | Дали е ова новото момче на Анџелина Џоли? Уловена е на романтичен ручек со згоден милијардер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот