ФОТО | Дали е ова новото момче на Анџелина Џоли? Уловена е на романтичен ручек со згоден милијардер

Откако во 2016 година поднесе барање за развод од Бред Пит, Анџелина Џоли ретко ја гледаме во машко друштво. И додека Бред среќата ја најде со дизајнерката Инес де Рамон, Анџелина со години е сингл поради нејзините, како што вели, високите стандарди. Меѓутоа, можно е конечно да пронашла некој кој ги исполнува нејзините високи критериуми – милијардер и наследник на финансиската империја Дејвид Маер де Ротшилд.
View this post on Instagram
Актерката и членот на едно од најбогатите семејства во светот, чие богатство се проценува на 10 милијарди долари, се уловени на ручек во елитниот ресторан „Нобу“ во Малибу, Калифорнија. Поминале цели три часа заедно, а од локалот излегле занесени во разговор не симнувајќи ја насмевката од лицата.
Британскиот претприемач Маер де Ротшилд е посветен активист за заштита на животната средина и можно е токму неговата страст кон активизмот да го поврзала со Анџелина.
Не е потврдено дали станува збор за состанок или деловен ручек, иако се претпоставува дека средбата можела да биде од деловен карактер бидејќи и двајцата изразуваат интерес за активизам.
View this post on Instagram
Маер де Ротшилд е поборник за заштита на животната средина, а во описот на неговиот инстаграм- профил пишува дека сака „да ги предупреди и информира луѓето за глобалното затоплување“.
Дејвид (44) е најмладиот од трите деца на Викторија Лу Шот и Сер Евелин де Ротшилд. Тој е наследник на банкарското богатство на неговото семејство. Според податоците на интернет, неговото богатство се проценува над 10 милијарди долари.
View this post on Instagram
Анџелина Џоли ја доби правната битка против поранешниот сопруг Бред Пит
„Бело самоубиство“: Тажната љубовна приказна на големата Марија Калас