Германскиот министер за здравство предупредува: Пандемијата на коронавирусот не е завршена

Германија ковид-19 коронавирус
Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Пандемијата на коронавирусот сè уште не е завршена, предупреди т германскиот министер за здравство Карл Лаутербах.

Тој истакна дека има значително зголемување на бројот на заразени во некои азиски земји, како Северна Кореја, но и во делови од Европа.

„И во Германија во просек од 130 до 150 луѓе умираат секој ден од Ковид. Значи, ставот дека пандемијата е поразена е погрешен“, им рече Лаутербах на новинарите во Берлин.

Тој денеска и утре одржува дводневен состанок со колегите од Групата седум индустриски најразвиени земји.

Американскиот министер за здравство Ксавиер Бисера требаше лично да присуствува на состанокот, но вчера во Берлин доби позитивен тест на коронавирусот. Тој ќе присуствува на средбата преку видео врска.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот