Германски невролог нема многу оптимистички вести за состојбата на Шумахер: Тој е буден, но тоа е највеќе што може да направи

фото:Twitter/f1

Германскиот професор по неврологија и човекот кој се грижи за здравјето на Михаел Шумахер, открива нови податоци за состојбата на седумкратниот Формула 1 шампион.

Францускиот канал ТМЦ го емитуваше документарниот филм „Михаел Шумахер: Во потрага по вистината” во кој се открива вистинската состојба на Шумахер но и за прогнозите за здравјето на седумкратниот Ф1 шампион.

Германскиот невролог Ерих Ридерер, кој е дел од медицинскиот тим кој се грижи за здравјето на Шумахер, открива дека поранешниот Формула 1 возач е подобар отколку што беше претходно, но сепак нема многу позитивни вести.
Михаел Шумахер е буден, дише, срцето има добар ритам. Веројатно може и да се седне, дури и да направи некој чекор со помош на луѓето околу него, но не повеќе од тоа – ги кажа Ридерер охрабрувачките зборови, но иднинатата за здравјето на Шумахер не е толку светла.

Според германскиот професор по неврологија, седумкратниот Ф1 шампион не е во состојба која може да донесе целосно опоравување.
Мислам дека ова е највеќе што ќе може да направи. Повредите кои ги задоби се трајни и не постои реверзибилен процес кој би го вратил во претходна состојба. Тој е во вегетативна состојба, што значи дека е буден, но не одговара – изјави Ридерер, а пренесува италијанскиот „Кориере дело Спорт“.

Михаел Шумахер доживеа тешка повреда на 29. декември 2013 година откако при скијање на француските Алпи падна и со главата удри во камен. Веднаш падна во кома и поради сериозните повреди итно е префрлен во болница, а потоа и во семејниот дом во Швајцарија, каде веќе седум ипол години се лечи и тоа далеку од очите на јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот