Германски граѓани останале и без пари и без летување, наседнале на лажна хрватска веб страна

Дубровник, Хрватска Фото: Wikimedia commons

Германската полиција ги предупредува граѓаните кои имаат намера да летуваат во Хрватска да внимаваат на кои локации резервираат станови, со оглед на пријавените случаи на измами, пишува Феникс Магазин.

Полицискиот оддел Швабен Суд ги предупредува германските туристи кои резервираат одмор во Хрватска да внимаваат на лажните веб-страници кои нудат сместување на јадранскиот брег. Како пример, тие ги наведуваат случаите на две семејства од Aлгау кои резервирале „одличен стан по разумна цена“, кој се покажал дека е измама. Едно од семејствата ги платило парите за станот преку лажна веб-страница која била направена да „изгледа како веб-страница на реномиран давател на услуги“.

Првиот контакт со „сопственик во Хрватска“ го оствариле преку оглас на интернет. Станот бил изнајмен „преку пораки и мејлови“. Од семејствата се барало веднаш да платат половина од киријата, па едно семејство платило значителна сума. За среќа, второто семејство навреме ја препознало лажната понуда и не ја платило однапред бараната кирија, пишува Феникс Магазин, пренесува Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот