Германската полиција пронашла 30 мигранти во комбе по бркотница на автопат

Фото: CTK / Alamy / Alamy / Profimedia / ilustracija

Возач (50) на комбе со триесетина мигранти бегал од германската полиција на истокот од државата, но бил уапсен откако се судрил со патролно возило.

Инцидентот се случил во близина на градот Герлиц, на границата со Полска.

Додека полицајците се обидувале да го проверат возилото, возачот одеднаш забрзал и се оддалечил, изјави портпаролот на федералната полиција.

Во селото Маркерсдорф, на неколку километри, комбето удрило во друго полициско возило. Според првичните информации нема повредени. Полицијата во комбето пронашла околу 30 мигранти, меѓу кои 10 деца. Возачот е приведен, јавува Дпа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот