Германска пратеничка разоткрива: Разузнавачите од 2005-та знаеја за криминалните дејства на Хашим Тачи но продолжија да го поддржуваат

Хашим Тачи во Хаг/ Фото EPA-EFE/JERRY LAMPEN

Севим Дагделен е германска пратеничка од Левицата која објави дека Сојузната германска влада уште во 2005 година преку разузнавачката агенција БНД знаела за поврзаноста на Хашим Тачи со организираниот криминал и шверцот на органи на Косово, но ништо од ова не ги спречило да продолжи да го поддржува Тачи и неговата администрација.

-Левицата секогаш го критикуваше признавањето на косовското отцепување по НАТО агресијата врз Југославија, што беше спротивно на меѓународното право, вели Дагделен, пренесува „Новости“.

Таа не очекува Сојузната влада да ја исправи својата грешка и истакнува дека Косово е признаено од страна на „исламистите како Ердоган или диктатурата во Саудиска Арабија, но не и од сите членки на ЕУ“.

Таа истакнува дека задача на одговорните обвинители е да ја докажат вината на обвинетите за воени злосторства, кои вклучуваат и мачење и убиства на стотици Срби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот