Германија ги повлекува своите војници од Ирак, тензиите растат откако Трамп му се закани на Иран

Германската војска „привремено“ повлече дел од своите војници од Ербил во северен Ирак поради „ескалирачките тензии на Блискиот Исток“, објави „Араб њуз“.

Десетици германски војници биле преместени од базата во Ербил, главниот град на автономниот регион Ирачки Курдистан.

– На терен останува само неопходниот персонал за одржување на оперативната способност на кампот во Ербил – изјави во четвртокот портпарол на германското Министерство за одбрана.

Напредок има, но договор не е на повидок, објави Иран по нуклеарните разговори со САД

Тој не прецизираше што точно е изворот на тензии, но американскиот претседател Доналд Трамп нареди значително засилување на присуството на американски воени бродови, авиони и друго вооружување во регионот и се закани со можни акции против Иран.

Германските сили се распоредени во Ербил како дел од меѓународна мисија за обука на локалните ирачки безбедносни сили.

Портпаролот додаде дека повлекувањето на германските војници од Ербил е „тесно координирано со нашите мултинационални партнери“.

Претходно, полскиот премиер Доналд Туск ги повика полските граѓани веднаш да го напуштат Иран, додавајќи дека „под никакви околности никој не треба да патува во оваа земја“, предупредувајќи дека можноста за конфликт е „многу, многу реална“.

Американски воени авиони слетаа на аеродромот во Софија, најверојатно за пат кон Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот