Гечевски е најголемиот мајстор, можеше да игра во НБА лигата! (ВИДЕО)

фото: твитер

Аљоша Митровиќ своевремено ги бранеше боите на Работнички, а Македонија го потсетува на еден играч со кој ја делеше соблекувалната во клубот од „Градски парк“.

Поранешен кошаркар на белградски Партизан во интервјуто за „Моцарт Спорт“ зборуваше за квалитетите на поранешниот македонскиот репрезентативец, Тодор Гечевски.

Аљоша Митровиќ своевремено ги бранеше боите на Работнички, а Македонија го потсетува на еден играч со кој ја делеше соблекувалната во клубот од „Градски парк“.

Тука играа големи мајстори на кошарката. Тука беше Тодор Гечевски, значи тој е најголемиот мајстор во историјата. Доколку тренираше напорно, можеше да биде НБА играч. Тој ја запали цигарата и запали во Кавадарци и тоа му беше најубаво. Беше тука и Чековски, „исфрлувач“, исто добар играч. Секако и Миљан Павковиќ со кој беше убаво да се игра, затоа ја разбираше кошарката – се зборовите на Митровиќ.

Со голем број на национални и куп титули, центарот Гечевски во својата клупска кариера беше дел од Тиквеш, Никол Фер, МЗТ Скопје, Аир Авелино (Италија), ББВ Хаген (Германија), Работнички, Задар (Хрватска) и ПАОК (Грција).

Исто така придонесе за најдобриот пласман на нашата најдобра репрезентација, четвртото место на Европското првенство во Литванија 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот