Гебрејесус: Што побрзо независна проценка на одговорот на пандемијата

Генералниот директор на СЗО напоменува дека ризикот и понатаму е висоок и дека ни претстои долг пат.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, вети дека ќе започне независна проценка на одговорот на оваа организација кон пандемијата од корона вирусот во првиот погоден момент и вети транспарентност и одговорност во името на СЗО.

– Секој од нас може да извлече поука од пандемијата. СЗО е посветена на транспарентност, одговорност и континуирано усогласување, изјави Гебрејесус на состанокот на СЗО.

Како што пренесува „Гардијан“, генералниот директор на СЗО напоменува дека ризикот и понатаму е висоок и дека ни претстои долг пат.

Прелиминарните тестови во некои земји покажуваат дека најмногу 20 отсто од населението било заразено со вирусот, а на поодделни места и помалку од 10 отсто, истакна Гебрејесус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот