Газдата на Манчестер сити за милион евра си купи шампионски пехар

фото: mancity.com

Станува збор за пехарот кој му се доделуваше на победникот на ФА купот од 1896 до 1910 година.

Англиските ннавивачи кои не го поднесуваат Манчестер сити тврдат дека „граѓаните“ ги купуваат трофеите откако клубот го презеде шеикот од Обединетите Арапски Емирати, Мансур Бин Зајед, кој не жалеше пари за да донесе фудбалери кои ќе го однесат клубот на врвот.

Тоа му успеа и Манчестер сити денеска е еден од најголемите англиски тимови, кој „купува“ трофеи на терените, а сега сопственикот на „граѓаните“ буквално си купи трофеј.

Имено, шеикот Мансур Бин Зајед издвои 1.3 милиони евра за преодниот пехар кој му се доделуваше на победникот на најстарото клупско натпреварувањем ФА Купот, и тоа од периодот помеѓу 1896 и 1910 година.

Овој пехар, шеикот Бин Зајед го купи на аукција која ја организираше аукциската куќа „Bonhams“, а од клубот објавија дека пехарот нема да биде поставен во трофејната клупска сала туку во фудбаскиот музеј во Манчестер.
Тој пехар воедно и е првиот пехар кој Манчестер сити го има освоено, во далечната 1906 година, „граѓаните“ триумфираа во Фа купот.
Интересно е што последен сопственик на овој пехат беше поранешниот газда на Вест Хем, Дејвид Голд, кој потоа го продаде на аукциската куќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот