9 C
Скопје

Гардијан: Кинеските власти со присилна работа сакале да ја намалат ујгурската популација

Британскиот весник  „Гардијан” пишува дека кинескиот извештај на академиците од универзитетот Нанкаи, од минатата година, содржи многу докази за напорите на официјален Пекинг за прогон на муслиманската малцинска група Ујгури, што експертите за човекови права и некои влади ги оценуваат како културен геноцид. Извештајот на академиците бил отстранет кон средината на 2020 година, но негова копија, сепак, успеал да архивира академик д-р Адријан Зенц.

Кинеската влада ги негира обвинувањата за присилна работа и трансфери на работна сила во Синџијанг, објаснувајќи дека работните програми се доброволен елемент на нејзините цели за намалување на сиромаштијата.

Во извештајот „Нанкаи”, меѓутоа,  се наведува дека трансферите на работна сила, исто така, се долгорочна мерка која „не само што ја намалува густината на населението на Ујгурите во Синџијанг, туку е и важен метод за влијание, топење и асимилација на ујгурските малцинства”.

Прочитајте и...  Заев: Направивме сериозен исчекор во разговорите за државјанствата со Алијанса и Алтернатива

Иако во извештајот се нагласува дека програмите биле „доброволни”, тие даваат контрадикторни детали, како што се целите за извоз на работници и потребата за обезбедување во тимовите за пронаоѓање работна сила.

Поврзани вести

Канада забрани извоз на дронови во Турција

Слободен печат

Бајден: Мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството

Слободен печат

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Перу

Слободен печат

ВИДЕО: Убиен ученик, ранет полицаец при пукање во средното училиште Остин-Исток Магнет во Ноксвил

Слободен печат

Ќе се согорува ли отпад на нивите зад Железарница?

Југослава Дуковска

Македонски и математика – по пет часа неделно

Михаило Донев

Остави Коментар