Галант: Истекува времето за дипломатско решение со Хезболах

Јоав Галант / Фото EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант изјави дека истекува времето за дипломатски напори да се стави крај на напнатоста меѓу Израел и Хезболах.

-Ние би го претпочитале патот на договореното дипломатско решение, но се приближуваме до точката кога песочниот часовникот ќе треба да се сврти, изјави Галант за време на процената на ситуацијата на северната команда на Израелските одбранбени сили.

Галант, како што пренесува „Тајмс оф Израел“, со тоа навестува дека Израел наскоро нема да има избор освен да започне голема воена офанзива против Хезболах во Либан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот