Гаф, замор, деконцентрација – „федерализација“!

Според медиумските извештаи, во вчерашните настапи пред симпатизерите во Дојран и Гевгелија, лидерот на опозицијата тврдел дека планот на Заев – покрај пљачкосувањето на државата со сите можни методи и средства и сл. – е да работи и на федерализација на Македонија. Дека тоа е „тајната“ агенда на коалицијата на СДСМ и БЕСА. „Распарчена Македонија!“, вели Мицкоски.

За партија која, во својата предизборна програма, јасно кажува дека ќе отпочне процес за редефинирање на темелните одредби на политичкото уредување на унитарната држава нормирани во македонскиот Устав, би било коректно ВМРО-ДПМНЕ да не се занимава со предизборни небулози дека нивните опоненти, всушност, наводно планираат да го направат она за што самите тие ќе го отворат процесот по изборите. Бидејќи, никој друг во државава, освен ВМРО-ДПМНЕ, не предвидува, како јасна изборна понуда, менување на Уставот.

Прочитајте и...  Коалиција и уцена

Затоа, опозициското уфрлување на темата „федерализација“, на само неколку денови пред завршувањето на кампањата, може да биде резултат на две причини: или тоа се прави од очај (бидејќи другите теми не им ги даваат предизборните ефекти за кои се надевале), или е тоа несмасен обид за „ишкање на мувата од сопствената капа“; ако не е комбинација и од двете.

Бидејќи, да немаме сомневање, дојдат ли навистина во позиција со својот прочуен уставно-правен „трилинг“ од Правниот факултет во Скопје (Сиљановска-Каракамишева-Климовски) по изборите да го „отворат“ Уставот, таа невидено неодговорна импровизација речиси и да ќе нема каде политички да заврши, освен во голема, „ничим изазвана“, расправа за територијално федерализирање на Македонија. Националистите, по дефиниција, политиката секогаш ја гледаат низ географија, бидејќи само така се чувствуваат „свои на своето“, во сопствените етнички трла. Тоа е повеќе физика, одошто политика: закон на инерција, тежината на етно-глупоста, помножена со популистичкото забрзување.

Прочитајте и...  Охридскиот рамковен договор треба да е национален празник

И зошто сеага опозициски вака?! Убаво си ја тераат кампањава, речиси сме пред крај, со обвинувања за криминали, злоупотреби, притисоци, корупција, па нешто снимки, ова-она, таа забава за народ… Паметно си ги избегнуваат важните евро-атлантски теми за опстанокот на нацијата, бидејќи во нив не само што не учествуваа, туку неуспешно се обидоа да ги спречат… Коректно, па макар и лицемерно, си ги напаѓаат противниците за неиспорачаното во доменот на правната држава… Па, дури и во економијата имаат по некое добро предизборно ветувања, со оглед на тоа што сите нудат Божик годинава да дојде во јули…

Што им треба сега да се вплеткуваат во „федерализација“!? Нели е идејата да го оневозможат едното-општество-за-сите на СДСМ – не може и тоа и обвинувања на противниците за „федерализација“! Зошто ваква идеолошка конфузија?

Прочитајте и...  Влада за една година

Мислам дека, сепак, се работи за еден опозициски гаф, момент на слабост, замор, деконцентрација. Онака, нешто звучно да се тресне и на митинзите во провинцијата, да заличи сериозно, државнички!

На Македонија ѝ недостасува порешителна и супстанцијална децентрализација, а не федерализација. За среќа, претстојните преговори за членство во ЕУ ќе го зацврстат уставниот унитарен карактер на државата, а ќе ја децентрализираат моќта кон општините и регионите, бидејќи тоа е суштината на европското „симнување“ на демократијата до народот.

Ајде, сега, уште три-четири дена, па крај на програмата. Ситно броиме, не можеме да стоиме!

Прочитај повеќе

Охридскиот рамковен договор треба да е национален празник

Ерол Шакири

Влада за една година

Петар Богојески

Коалиција и уцена

Ивица Челиковиќ

Лажеше гледајќи го в очи „народот свој“

Џабир Дерала

(Мулти)генерациска катастрофа

Златко Теодосиевски

Охридскиот договор им припаѓа на сите, повикот на Ахмети мириса на барут

Џабир Дерала

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Паркинг кај „Холидеј ин“ – визија, профитерство и национален интерес

Божидар Милјовски

Пред школскиот праг, повторно се бира меѓу Венко и Жарко или Мицко и Наќе

Џабир Дерала

Што сакаше да ни каже претседателот?

Како да се изгради тоа што ни треба – регионален клинички центар

Божидар Милјовски

Нова реалност со замаглени очи

Жанета Скерлев

За правдината и законската мрежа, фина ко пајажина

Мирослав Грчев