Фудбалерот на Тотенхем го посети Сеул, Сон мора во карантин

фото: твитер

Јужнокореецот се повреди на мечот со Астон Вила и беше принуден на операција во неговата родна земја во која се забележани над 2.200 случаи на заболени…

Сон Хеунг Мин во четвртокот се врати од Јужна Кореја во Лондон, а Тотенхем веднаш го препушти на англиските здравствени власти кои го ставија во двонеделен карантин.

Јужнокореецот се здоби со повреда на раката во мечот против Астон Вила и беше принуден да прави операција во неговата родна земја во која се забележани над 2.200 случаи на заболени од коронавирус. Сега е во изолација во домашни услови.

-Овие совети стигнуваат од Владата. Не сакам ништо да коментирам, не знам ништо за тоа. Јас само добив совет, а клубот го следи она што му е кажано. Сон ќе мора да ги следи протоколите и нема да се видиме некое време – истакна Мурињо.

Според англиските медиуми, Сон ќе биде подложен на тесторање на коронавирусот за да се утврди дали го „закачил” при престојот во Јужна Кореја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот