Фудбалерите на Струга пристигнаа во Исланд за утрешниот реванш против Бреидаблик

фото: fcstruga.com

Експедицијата на Струга Трим Лум е Исланд каде во четврток од 18.45 часот ќе го одигра еден од најважните натпревари оваа сезона, реванш натпреварот од плеј-офот во Конференциската лига против Бреидаблик.

Актуелниот македонски шампион можеше да извлече поволен резултат на првиот меч во Охрид со оглед на поголемата иницијатива, шансите, но среќата не беше на страната на тимот предводен од Шпетим Дуро.

Исланѓаните пред своите навивачи ќе стартуваат со минимална предност од 1:0, а Струга верува во анулирање на негатата, дека може да обезбеди пласман во групите на Конференциската лига.

Со оглед на карактерот на екипата и досегашните гостувања во Европа, играчите на Дуро се надеваат дека овојпат повторно ќе направат чудо и ќе ја испишат најславната историја на клубот.

Вчера попладне експедицијата тргна од Струга за Тирана, а потоа од аеродромот Ринас леташе за Цирих. Во прекрасниот швајцарски град остана една ноќ, додека во денешните утрински часови преку линијата Цирих-Рејкјавик слета на Исланд. Екипата од аеродромот во Рејкјавик веќе отпатува до хотелот, каде што се сместени фудбалерите.

Главен судија на возвратниот дуел ќе биде Даниел Шлагер од Германија, двајцата негови помошници ќе бидат Ласе Кословски и Свен Вашицки, додека четврти судија ќе биде Патрик Итрич. И во ВАР собата ќе има германски арбитри, главен ќе биде Саша Штегеман, а асистент е Катрин Рафалски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот