Фудбалерите на Манчестер сити и Интер денеска во Истанбул за титулата шампион на Европа

Истанбул е домаќин на денешното финале од фудбалската Лига на шампионите помеѓу Манчестер сити и Интер кое ќе започне од 21.00 часот.
Главен судија на натпреварот за европската титула во турскиот град ќе биде Шимон Марчињак од Полска.
По речиси две децении, финалето на ЛШ се враќа на Олимпискиот стадион „Ататурк“ кој може да прими 72.000 навивачи.
It's time! ⌛️
#ManCity | #UCLfinal pic.twitter.com/zWN4NKXxtB
— Manchester City (@ManCity) June 10, 2023
Љубителите на фудбалот посакуваат реприза на драмата од 2005 година наречена „Чудо од Истанбул“, финалето на ЛШ во кое исто така играа англиски и италијански клуб кога Ливерпул се врати од негатива (0:3) против Милан и на крајот по пенал серијата го освои трофејот.
Во претходните две сезони Сити беше на дофат на единствената титула што му недостига, а сите во клубот се надеваат на трета среќа и историска „тројна круна“ откако сезонава веќе ги освоија Премиер лигата и ФА Купот.
The night we've been waiting for is finally here ✨🖤💙 #ForzaInter #ManCityInter #UCL #UCLFinal pic.twitter.com/ZjsqdM4uNm
— Inter (@Inter_en) June 10, 2023
Ова е второ финале за „Граѓаните“ во историјата на Лигата на шампионите, по 2021 година и поразот од Челси.
Од друга страна, за миланските „нераѕури“ ова ќе биде шесто финале, ќе ја бркаат својата четврта титула, последната ја имаа во 2010 година кога во составот беше поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев.
Лига на шампиони, финале
Можни стартни состави –
Манчестер сити: Едернсон, Вокер, Дијас, Аке, Стоунс, Родри, Б. Силва, Де Брујне, Гундоган, Грилиш, Халанд.
Интер: Онана, Бастони, Ачерби, Дармијан, Димарко, Брозовиќ, Барела, Чалханоглу, Дамфриз, Лаутаро Мартинез, Лукаку.