Фудбалерите на Барса ќе бидат тестирани за коронавирус пред влезот во Италија!

фото: твитер

Како што информира „АС“ каталонскиот клуб ќе мора да помине низ ваквата процедува, после сè поголемиот број на заразени на територијата на Италија.

Во пресрет на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите (вторник, 25. февруари, 21.00 часот) на стадионот „Сан Паоло“ помеѓу Наполи и Барселона ќе бидат преземени безбедносни мерки.

Фудбалерите на Барса ќе бидат тестирани на коронавирус пред влезот во Италија, пренесуваат шпанските медиуми.

Еве кои фудбалери тренерот Кике Сетиен ги повика за дуелот со Наполи: Тер Штеген, Семедо, Пике, Ракитиќ, Серхио Бускетс, Артур, Меси, Нето, Ленглет, Гризман, Брајтвајт (не е регистриран за ЛШ), Де Јонг, Видал, Умтити, Жуниор, Ињаки Пења, Рики Пуиг, Алекс Коладо, Ансу Фати, Роналд Араујо и Серхио Акиеме.

Потсетување повредени се Луис Суарез, Усман Дембеле, Жорди Алба и Серхи Роберто, овој последниот ќе паузира три-четири недели, известуваат од клубот.

Екипата на Барселона в понеделник патува во Италија, а како што информира „АС“ каталонскиот клуб ќе мора да помине низ ваквата процедува, после сè поголемиот број на заразени во оваа држава.

Денеска поради епидемијата на коронавирусот се одигра само два натпревари (Џенова-Лацио 2:3 и Рома-Лече 4:0), а одложени се Аталанта-Сасуоло, Торино-Парма, Верона-Каљари и Интер-Сампдорија. Освен во Серија А, одложени се уште 42 мечеви во аматерските лиги, како и дуелот од Серија Б меѓу Асколи и Кремонезе.

Тестирањето ќе вклучува минување низ просторијата за проверка на телесната температура, а на понатамошни тестови ќе бидат испратени оние кои имаат зголемена температура или треска.

Шпанскиот состав се очекува да тренира нормално во понеделник, а клубот ќе биде во контакт со Наполи и италијанските власти за ситуацијата.

Повеќе од 100 случаи на новиот коронавирус се регистрирани во Италија, пред сè во северниот дел на земјата. Нема пријавени случаи во Неапол. Италијанските власти изолираа повеќе области во Ломбардија и Венето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот