Францускиот оператор „Оранж” отвори внатрешна истрага за дефектот со броевите за итни случаи

Според првичните информации, четири лица, од кои едно бебе, починале од предизвиканиот хаос.

Околу седум часа во средата навечер, броевите за итни случаи 15 (брза помош), 17 (полиција), 18 (пожарна и спасување) и 112 (единствен европски број) беа недостапни или многу тешко да се добијат во голем дел на Франција, принудувајќи ги луѓето да се јавуваат повеќе пати или да користат 10-цифрени телефонски линии итно поставени од властите.

Според првичните информации, четири лица, од кои едно бебе, починале од предизвиканиот хаос, јави дописникот на МИА.

Ова беше досега невидено сериозен дефект, речиси општа парализа на сите телефони за ургентни повици ја погодија цела Франција со драматични последици.

Телефонскиот оператор „Оранж” денеска соопшти дека отворил „длабинска” внатрешна истрага, доверена на генералниот инспекторат на групата, за да ги идентификува дисфункциите што во средата го спречуваа пристапот до броевите за итни случаи низ цела Франција.

„Истрагата ќе мора да ги спроведе потребните постапки за да ги идентификува прецизните причини за овој инцидент и да даде препораки за да ги извлече сите потребни поуки”, се наведува во соопштението од операторот.

Заклучоците од оваа внатрешна истрага се очекуваат во рок од седум дена.

„Во врска со меѓуминистерската кризна ќелија, ние создадаовме посебна ќелија за да ги решиме сите евентуални локални дефекти што можатда се појават”, додаде телефонскиот оператор.

Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, ги осуди „сериозните и неприфатливи дисфункции” на овој невиден настан, што може да се поврзе со смртта на најмалку четири лица, вклучително и мало дете.

Извршниот директор на „Оранж”, Стефан Ришар, им изрази „извинувања” на погодените.

Запрашан за потеклото на овој неуспех, Ришар ја отфрли хипотезата за кибер напад, објаснувајќи дека овој инцидент е „поверојатен” поради „дефект на софтверот во (критичната) опрема на мрежата”, односно на платформите одговорни за рутирање на повиците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот