Француската Влада се чини без алтернатива: Рестораните и кафулињата пред затворање?

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Официјален Париз се подготвува за нови рестриктивни мерки во борбата со коронавирусот по рекордните 16.972 нови случаи на болеста што вчера беа потврдени.

– Покрај растот на нови случаи, изгледа дека Владата нема друг избор освен да го забрани социјалниот и економски живот во градот, пишува „Гардијан“.

Францускиот министер за здравство, Оливие Веран во четвртокот најави дека воведувањето на дополнителни рестрикции може да се избегне само доколку стапката на инфекции почне да опаѓа. Но, имајчи го предвид вчерашниот рекорд, се чини дека нема алтернатива за новите мерки во Франција.

Статистичките податови на регионалната здравствена агенција АРС покажуваат дека бројот на заразени во Париз и натаму е под 250 на 100.000 жители, што е горна граница за објава на максимално предупредување од ковид-19.

Од почетокот на пандемијата на ковид-19, во Франција се заболени над 600.000 луѓе додека како последица на вирусот досега починаа 32.000 пациенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот