Франција почнува со производство на вакцините против ковид-19 на своја територија
Вакцини против ковид-19 треба од среда да почнат да се произведуваат во Франција, а тоа ќе го стори францускиот подизведувач Делфарм, потврди француското Министерство за економија и финансии.
Производството треба да почне в среда во фабриката на Делфарм, во северозападниот дел на Франција, за германската лабораторија Бионтек, која е партнер со американскиот „Фајзер”, соопшти Министерството.
– Прво, ќе започне со производство на пробни количества за да се утврди дека се согласно очекуваните стандарди за квалитет, а потоа ќе се префрлиме на комерцијално производство колку е можно поскоро, соопштија од француското Министерство за економија.
Засега компаниите не сакаат да коментираат за очекуваниот обем на производство.
Покрај Делфарм, шведскиот Рецифарм ќе произведе вакцини за американската компанија Модерна некаде кон средината на април во нивната француска фабрика во западниот дел на државата.
Производителот на Фарева треба да започне со производство на вакцината КјурВак кон крајот на мај и почетокот на јуни, што е во фаза на одобрување за комерцијална употреба, во своите фабрики во По и Вал-де-Реј.
Француската компанија Санофи, исто така, ќе почне со производство на вакцини за Јансен (претставништво на Џонсон и Џонсон) во областа Рона во југоисточниот дел на земјата.