ФОТО+ВИДЕО | Средба Бербок – Блинкен во Берлин: Итно бараме Русија да преземе чекори кон деескалацијa

Ентони Блинкен и Аналена Бербок
Блинкен рече дека САД и нивните европски сојузници ќе претставуваат обединет фронт, доколку Русија продолжи да дејствува против Украина / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска ја повика Москва да не ја ескалира ситуацијата со Украина, предупредувајќи ја дека ќе се соочи со низа санкции доколку тензиите дополнително ескалираат.

– Итно бараме Русија да преземе чекори кон деескалација. Секое понатамошно агресивно однесување или агресија би резултирало со сериозни последици, рече Бербок на заедничката прес-конференција со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

– Ова не е ништо помалку од прашање за одржување на мирот во Европа. За нас тоа е егзистенцијално, истакна таа.

Ентони Блинкен и Аналена Бербок
Ентони Блинкен и Аналена Бербок / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD

Блинкен рече дека САД и нивните европски сојузници ќе претставуваат обединет фронт, доколку Русија продолжи да дејствува против Украина.

Според него, Москва ќе добие брзи и сериозни обединети одговори доколку нејзините сили влезат во Украина.

– Покрај тоа, Вашингтон и неговите партнери ќе преземат заеднички одговор во случај на воведување санкции и ќе работат на координиран одговор на какви било дестабилизирачки дејства на Русија, нагласи Блинкен.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот