ФОТО+ВИДЕО | „Со љубов, за Скопје“: Дац и Александар ѝ приредија прекрасна вечер на својата публика

Фото: „Слободен печат“/Мето Здравев

Актерот Драган Спасов – Дац и пејачот Александар Митевски веќе четири години постојат како музичко дуо, а вечерва по тој повод ѝ приредија роденденски концерт на својата верна публика. Збирното место е убавата зелена градина на покривот на Градскиот трговски центар во Скопје.

Со почеток од 20.30 часот, посетителите уживаа со познатите фестивалски рефрени и евергрини.

„Мене ми се чини како да постоиме 40 години, бидејќи сме многу активни секој ден. Бевме со луѓето во целиот пандемиски период, и дење и ноќе дававме еден зрак надеж на народот. Оттогаш сите повици беа насочени кон тоа, кога ќе се отвори можност да направиме нешто, каде што секој слободно ќе може да дојде. Токму затоа го правиме овој концерт за сите генерации, а поводот е нашиот четврти роденден“, изјави неодамна Митевски за „Слободен печат“.

Во продолжение, ви пренесуваме дел од прекрасната атмосфера од роденденскиот концерт.

Фото: „Слободен печат“/Мето Здравев
Фото: „Слободен печат“/Мето Здравев
Фото: „Слободен печат“/Мето Здравев

ВИДЕО | Александар и Дац: Ќе пееме убави, стари песни, кои ќе ги вратат старите скопјани во некои убави времиња

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот