ФОТО+ВИДЕО: Силно полициско обезбедување под Кале, се чекаат бугарските делегации

Откако заврши официјалниот дел на честувањето на 151-годишнина од раѓањето на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, под Кале околу црквата Св. Спас останаа полициските единици кои го обезбедуваат гробот на Гоце Делчев, во исчекување на бугарските делегации.
Локацијата на надлетува и полициски хеликоптер.

Според најавата почит на гробот на Гоце Делечев официјално ќе одадат бугарскиот вицепремиер задолжен за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев и неговиот заменик Венцислав Катинов.
За пристугнување на претставници на бугарски здруженија и политичари од Република Бугарија имаше најави преку социјалните мрежи, но според досегашниот протокол, ќе има проверки на сите граѓани кои ќе сакаат да пристапат кон гробот на Гоце Делчев.
Репортерите на „Слободен печат“ од теренот јавуваат дека полицијата не дозволува пристап на група граѓани кои се кај мостот Гоце Делчев и пеш се обидуваат да пристигнат до Св. Спас.
