ФОТО+ВИДЕО | Роденден во знак на љубовта и виното: Бојана Скендеровски наполни 40 години и прослави со најблиските

Фото: Инстаграм/Бојана Скендеровски

Македонската пејачка Бојана Скендеровски вчера го прослави нејзиниот 40. роденден. Со оглед на тоа што датумот на нејзиниот роденден се совпаѓа со Денот на вљубените, таа направи прослава во знакот на љубовта и виното.

Пејачката го помина овој ден со најблиските – сопругот, децата, родителите и сестра ѝ.

„Добредојдовте 40 и со букви (четириесетти). Бидете добри, ветувам дека ќе останам искрена и верна кон сѐ што сакам да остварам.

Господе, ти благодарам што ми го овозможи сето ова – здравје, семејство, љубов, пријатели. Среќна сум со сѐ што живеам и имам.

Пријатели, јас сум богата жена – духовно. Денешниот ден ми го направивте посебен со секој момент и гест што го направивте и со секоја убава мисла што ми ја испративте.

Да сте живи и здрави, одиме понатаму!“, напиша Скендеровски во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Бојана Скендеровски
Фото: Инстаграм/Бојана Скендеровски
Фото: Инстаграм/Бојана Скендеровски
Фото: Инстаграм/Бојана Скендеровски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот