ФОТО+ВИДЕО: Попушти автобуската блокада на Скопје, зајакна полициската поради дојавите за бомби
Марина Дамческа
Пред
По четиридневната блокада на трите клучни крстосници во Скопје, кај Владата, кај Црвен Крст и кај ТЦ Мавровка и повлекувањето на приватните автобуски превозници само на потегот кај Градското Собрание на булеварот Илинден, од утрово градот е повторно со ограничен опсег на движење на пешаците и возилата поради дојавите за бомби не само во средните училишта туку и на клучни деловни објекти и станбени згради. Утрово дури мета на закани беше и полициската станица Центар.
-На електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Закани на електронска адреса за поставена експлозивна направа и добија и ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.
Центарот на Градот повторно се најде под блокада овој пат од страна на полициските и антитерористичките единици.
Испразнет Ист Гејт Мол/Фото: Слободен печат/Драган МитрескиПосетителите и вработените останаа надвор пред Ист Гејт Мол /Фото: Слободен печат/Драган МитрескиАнтитерористичката единица пред Ист Гејт Мол /Фото: Слободен печат/Драган МитрескиСообраќајот се одвиваше со застој пред Ист Гејт Мол/Фото: Слободен печат/Драган МитрескиДел од возилата беа пренасочувани па се создаде голема гужва и застор пред Ист Гејт Мол/Фото: Слободен печат/Драган МитрескиДојава за поставена бомба имаше и за Транспортен центар/Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Иако градоначалникот Горан Герасимовски во неговата предизборна кампања вети дека од овој септември целосно ќе биде покриен оброкот на 2.500 основци од целодневна настава, на последната седница на Советот на Општина Центар, по двочасовна дискусија, реплики и образложенија, советниците изгласаа наместо целосен надоместок, родителите на основците од прво до четврто одделение од септември да добиваат …
По скандалот во Гостивар, откако јавноста дозна дека граѓаните 20 дена пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, ги прашавме случајните минувачи од каде пијат вода. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Герасимовски вети од септември, но основците во Центар ќе добијат бесплатен оброк дури во 2028 …