ФОТО+ВИДЕО | Откриен скриен коридор во Кеопсовата пирамида во Гиза

Фото: EPA-EFE/EGYPTIAN MINISTRY OF TOURISM AND ANTIQUITIES

Египетски стручњаци за антиквитети потврдија дека пронашле скриен внатрешен коридор, под главниот влез на Големата Пирамида во Гиза.

Видео од ендоскоп ја покажува внатрешноста на коридорот, кој е 9 метри долг и 2,1 метар широк.

Официјалните лица велат дека веројатно е создаден за да се прераспредели тежината на пирамидата околу влезот или друга, сè уште неоткриена комора, објави „Би-би-си“.

 


За првпат е детектирана во 2016 година, со користење на техника на слика наречена муографија.

Тим научници од „Скенпирамидс проџект“ („ScanPyramids Project“), можеа да ги почувствуваат промените во густината внатре во пирамидата, анализирајќи ги мионите кои продираат во неа, а се нуспроизводи на космичките зраци кои само делумно се апсорбираат од каменот.

Неинвазивната техника детектирала празен простор зад северната страна на Големата Пирамида, околу 7 метри над главниот влез, во простор каде што има камена шевронска структура.

Фото: EPA-EFE/EGYPTIAN MINISTRY OF TOURISM AND ANTIQUITIES

Снимките од камерата биле откриени на конференција одржана покрај пирамидата во четвртокот. Бил прикажан празен коридор со ѕидови направени од грубо обработени камени блокови и камен таван.

„Ќе продолжиме да скенираме и ќе се обидеме да дознаеме што има под коридорот или пак, зад него“, изјави Мостафа Вазири, шеф на египетскиот совет за антиквитети.

Фото: EPA-EFE/EGYPTIAN MINISTRY OF TOURISM AND ANTIQUITIES

Големата Пирамида која е висока 146 метри, била изградена на платото во Газа, во времето на четвртата династија на фараонот Куфу или Кеопс, кој владеел од 2609 г.п.н.е. до 2584 г.п.н.е.

Иако е едно од најстарите и најголеми споменици на земјата, сѐ уште нема консензус за тоа како е изградена.

Висока е 146 метри, што е највисоката градба која човештвото ја изградило до Ајфеловата кула во Париз во 1889 година, пренесува Фена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот