ФОТО+ВИДЕО | Огњен Амиџиќ е минато: Данијела Димитровска ужива во љубовта со поранешниот фудбалер

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

По разводот од српскиот водител Огњен Амиџиќ (48), манекенката Данијела Димитровска (36) ужива во љубовта со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ (30).

Имено, таа објави романтично видео, на кое се гледа како вљубената двојка го поминала првиот снежен ден – прегрнати и насмеани во домашна атмосфера.

„А, денеска – вака“, стои во описот на снимката.

Не само што има среќа во љубовта, Димитровска реди успеси и на професионално поле. Минатата недела, таа присуствуваше свеченото доделување на наградите на женскиот магазин „Ванаби“, каде ја освои наградата за најдобра модна инфлуенсерка на годината.

„Сѐ што направив во животот беше исклучиво за да си докажам себеси дека можам и од желбата да ги поместувам сопствените граници на комфорот и да бидам добар пример, пред сѐ за себе, а потоа и на сите оние што ме следат.

Никогаш не сум се натпреварувала со другите, туку сама на себе си бев единствена патека на патот до успехот. Оваа награда навистина не ја очекував, но ми даде дополнителен ветер во грбот“, напиша манекенката на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/Данијела Димитровска

Да потсетиме, Данијела Димитровска беше во брак со Огњен Амиџиќ од 2012 до 2022 година. Тие имаат едно заедничко дете, синот Матеј.

Амиџиќ сега е во врска со водителката Мина Наумовиќ, со која го очекува своето второ дете.

„Родители“, напиша Наумовиќ во описот на фотографијата, која неодамна ја објави на Инстаграм.

Огњен Амиџиќ и Мина Наумовиќ / Фото: Инстаграм/Мина Наумовиќ

ФОТО | Данијела Димитровска ужива во Будва: Манекенката го покажа извајаното тело во костим за капење

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот