ФОТО+ВИДЕО: Гори галијата во реката Вардар

Фото: Слободен печат

Попладнево пожар избувна во една од галиите во реката Вардар, блиску до хотелот „Холидеј Ин“.

Фото: Слободен печат

Екипите на противпожарната екипа се веќе на терен и го гаснат пожарот кој зафати еден дел од галијата. Интервенираат 12 пожарникари со три протовпожарни возила.

Фото: Слободен печат

Причините за пожарот се непознати, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот од МВР и Противпожарна бригада.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека се работи за мал пожар, кој кратко по избувнувањето е изгаснат.

Галијата извесен период е вон употреба, а претходно функционираше како ресторан, дискотека и казино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот