ФОТО+ВИДЕО: Амбасадорот Гир на писта ги посети пилотите кои учествуваат во гаснење на пожарите
Амбасадорот на ЕУ во РСМ Дејвид Гир учествуваше на редовниот утрински брифинг на националните и странските воздухопловни тимови и директно на писта од воениот дел од аеродромот се запозна со противпожарните активности.
Препорачано
Сите домашни и странски сили, и по земја и од воздух, согласно оптималните услови на техниката и ситуацијата на терен, храбро и одлучно се борат да ги угаснат пожарите што земаа замав во нашата држава, соопшти ЦУК.


Амбасадорот Гир и директорот на ЦУК Ангелов од посадите на хеликоптерите и авионите пристигнати преку Механизмот на ЕУ за цивилна заштита беа запознаени со перфомансите и учинокот и имаа можност да ги видат леталата пред да започнат со нивните цели предвидени за денес.

Директорот Ангелов му се заблагодари на амбасадорот Гир за поддршката од ЕУ Механизмот за цивилна заштита како и за неговото лично присуство и поддршка на здружените напори на националните и меѓународните сили за одбрана од разбеснетата огнена стихија.
Потоа Ангелов ги посети пилотите на авионите на ДЗС.


