ФОТО | Заборавено село без жители во Хрватска за кое пишува „Њујорк тајмс“: Луѓе од целиот свет доаѓаат на јагнешко

Фото: Monnuage / Flickr

Ова село во Хрватска треба да го посетите барем еднаш во животот.

Веднаш над заливот Милна на Хвар, во карпеста клисура се наоѓа Мало Грабље. Напуштеното село се наоѓа североисточно од стрмните карпи на Мотокит, на падините кон стариот пат од градот Хвар до Вело Грабље.

Околните маслинови градини и лозја даваат претстава за тоа како некогаш изгледал животот во сега напуштеното село.

Фото: Wikimedia Commons

Камени куќи без врати и прозорци кои се претопуваат во природата, воденица која чека да биде откриена, штала и црква создаваат совршена филмска позадина. Комуналната воденица за маслинки со две тркала е изградена во 1884 година. Во надградената „комуналка“ имало задруга, а потоа и стан за учителот чиј прозорец на вториот кат и денес служи како спомен на некои дамнешни времиња.

Денес во Мало Грабље можете да видите само неколку вљубеници во јога кои по излегувањето на сонцето доаѓаат да вежбаат пред црквата Св. Теодора или да свратите во кафеаната „Стори Комин“, но само во сезона. Таму се јаде октопод и јагнешко на скара, најдобро со домашно вино.

Фото: JadroFoto / Alamy / Alamy / Profimedia

Не се замарајте со менито, туку препуштете се во рацете на домаќините кои ќе ви препорачаат што да јадете.

Откако „Њујорк тајмс“ еднаш ја објави приказната за ресторанот „Стор Комин“, Американци и туристи од целиот свет доаѓаат да видат дали ова речиси заборавено место заслужува внимание.

Со оглед на бројот на пофалби на „Трип адвајзор“ (TripAdvisor), авантурата да се стигне до местото вреди за сите пари.

Ако тргнете нагорно, ќе стигнете до Вело Грабље, каде што можете да сретнете неколку туристи кои бегаат од летните метежи.

Фото: Wikimedia Commons

Името на селото за првпат било запишано во 1538 година, а на австрискиот катастарски план е запишано во 1934 година. Поради својата изолирана локација, ја задржал првобитната просторна организација од 19 век, па прошетката низ грубите камени блокови кои ги сочинуваат сокаците е како временска машина во минатото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот