ФОТО | „За малку ќе го убиев Џон на снимањето“: Ед Ширан за новиот божиќен сингл со Елтон Џон

Елтон Џон и Ед Ширан
Model Release: no, Credit line: B4859 / Avalon / Profimedia

Ед Ширан изјави дека „ќе го убиел“ Елтон Џон во текот на снимањето на нивниот заеднички божиќен музички спот.

Ед Ширан ја раскажа урнебесно застрашувачката приказна за тоа како ќе го „убиел“ Елтон Џон во текот на снимањето на музичкиот спот за празничната песна која ќе ја испеат во дует, „Мerry Christmas“, пренесува „People“.

Тој кажа дека „за влакно“ избегнал да го повреди Елтон Џон, во интервјуто за Apple Music со Зејн Лоу.

„Само што снимивме божиќен музички спот. Ох, човече, за малку ќе го убиев со ѕвонче“ – изјави Ширан.

„Облечен бев во некаков костим на секси Дедо Мраз и удирав во еден подарок, но подарокот имаше големо метално ѕвонче на врвот. Денес му ја покажав снимката забавена и видовме дека ѕвончето прелетува преку неговата глава. За малку ќе му ја скршев главата“

Ед Ширан/Profimedia
Backgrid UK / Profimedia
Елтон Џон и Ед Ширан
Credit line: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Ширан додаде дека музичкиот спот е прекрасен и дека во него тој и Елтон Џон прават вистинска пародија на сите британски видеоспотови со темата за Божиќ.

Тој и Елтон Џон ќе ја поделат заработката од божиќниот сингл и планираат да ги донираат средствата во добротворни цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот