ФОТО | Во костими за капење, фатени за раце: Лазар Ристовски ужива со 39 години помладата Аница на Малдиви

Фото/Принтскрин/ Инстаграм/Лазар Ристовски

Српскиот актер Лазар Ристовски деновиве ужива во егзотично патување со неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ.

Лазар Ристовски и Аница Лазиќ заедно отпатувале на Малдиви, а актерката сподели заедничка фотографија на својот инстаграм-профил.

На фотографијата, тие двајца заедно излегуваат од водата во костими за капење и се држат за раце.

„Кога тој води, јас не прашувам каде“, напишала Аница во описот на фотографијата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, Аница Лазиќ неодамна открила дали како девојче фантазирала за својата венчавка.

– Јас многу не фатазирав за венчавка кога бев девојче, ниту денес тоа ми е многу важно. На тоа повеќе гледам како на форма, а поважна ми е суштината. Ние жените сакаме да носиме венчаници. Не страдам да се омажам, поважно ми е да ја живеам суштината на љубовта, а тоа веќе го имам, му благодарам на Господ – рекла Аница.

Нивната љубов наиде на бројни осуди, Аница наиде на големи осуди, но таа јасно и гласно застана зад љубовта. Како што вели, негативните коментари уште повеќе ја зацврстиле.

– Си дадов ветување дека ќе бидам храбра во љубовта, не дозволувам да бидам кукавица и секогаш правам она што го бара моето срце – рекла таа во емисијата „Премиера“.

ВИДЕО | Заљубен до уши: Лазар Ристовски ѝ го честиташе Денот на вљубените на 39 години помладата девојка

ФОТО | Лазар Ристовски се свршил со 39 години помладата девојка? Сите зборуваат за прстенот на раката на Аница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот