ФОТО: Во единствениот парк во Тетово спијат бездомници, се врши нужда, површината е валкана, а реквизитите и клупите уништени

Фото: Слободен печат

Бездомник кој лежи на тревник, искршени реквизити и клупи, смет и стакло наколу.

Фото: Слободен печат

Фото: Слободен печат

Ваква е сликата на единствената слободна површина во Тетово Жена паркот во близина на автобуската станица. Паркот се простира на површина колку еден фудбалски стадион, но општината не го одржува, а несовесни граѓани го уништија секое ќоше од паркот.

За нецела пола година целосно е уништено инклузивното игралиште поставено во Жена паркот. Оградата е откорната на повеќе места, сите детски реквизити се искршени, а подот е преполн со смет.

Фото: Слободен печат

„Знаевме дека вакво нешто во Тетово нема долго да издржи. Бадијала тука се инвестира во нешто ако граѓаните немаат свест за општо и колективно добро, а општината не го одржува. Тука само бетон, асфалт и железо ни треба, а како што гледам и натаму е појдена работава, гледате цел град е со згради, вели еден жител на Тетово.

Фото: Слободен печат

„Се разбира дека се виновни граѓаните за состојбата во која се наоѓа Жена паркот. Но, тие истите граѓани кога одат на Запад не се однесуваат вака неодговорно кон општото добро оти таму има казни за тие кои се однесуваат нецивилизирано. Тука ниту санкции ниту бутур, местово е како депонија, колку пати сум видел тука како луѓе сред бел ден вршат нужда. Нека направи полицијата и инспекцијата една вечерна контрола во паркот, нека ги соберат младите во полиција кои го уништуваат паркот и нека ги казнат, ако се помлади од 18 години нека платат казна нивните родители. По неколку вакви акции, не знам дали ќе помислат така да се однесуваат и во иднина. Но, тука знаат дека нема да одговораат и затоа вака се однесуваат“, вели еден жител на Тетово.

Веднаш до Жена паркот е Скејт паркот кој беше изграден со донација на странски невладини организации, но и тој исто така не се одржува.

Фото: Слободен печат

Инаку Општина Тетово е сѐ уште „глува“ на барањето на иницијативата „Тетово сака парк“, која предлага локациите на поранешните фабрики „Монопол“ „Шик Јелак“ како и просторот околу „Жена-паркот“ и поранешниот Спортски центар да се пренаменат во градски парк. И по повеќе од една година од барањето, иницијативата тапка во место, а градот сѐ повеќе се гуши во бетон, асфалт и прашина.

Минатата година градоначалникот Билал Касами на прес-конференција, ја побара тетовската касарна да ја пренамени во парк.

Тој ја повика владата касарната да ја даде во владение на Општина Тетово, по што просторот би се пренаменил во модерен градски парк. Така, како што рече тогаш Касами, ќе им излезе во пресрет на тетовци, кои имаат голема потреба од ваков простор.

ФОТО: Наместо парк во Тетово џунгла од трева и трње

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот