ФОТО+ВИДЕО | Влезе во Гинисовата книга на рекорди: Ова е највисокото тирамису во светот

Фото: Инстаграм/„Лучи“

Тирамису е еден од најпознатите италијански десерти, слатка храна која ја обожаваат речиси сите.

По повод Меѓународниот ден на тирамисуто, кој се одбележува на 21 март, италијанскиот ресторан „Лучи“ го направи највисокото тирамису во светот.

Фото: Инстаграм/„Лучи“

Тимот на овој италијански ресторан, којшто се наоѓа во Лондон, работел на овој десерт цел ден. Откако го „изградиле“, го измериле турамисуто и дошле до заклучок дека е високо два метри и така влегле во Гинисовата книга на рекорди.

Готвачите го нарекле „торемису“ (од италијанскиот збор „torre“, што значи кула), а го направиле од сите класични состојки на тирамису. Биле потребни пет часа за да се состави, но дури 24 часа да се подготват сите состојки.

Фото: Инстаграм/„Лучи“

„Торемису“ стана толкав хит што тимот направи уште една реплика неколку дена подоцна, а тој ден решија сите што вечераат во овој ресторан да ги почестат со бесплатно тирамису.

Инаку, италијанскиот ресторан „Лучи“ е познат по големиот избор на италијански колачи, меѓу кои најмногу се издвојува тирамисуто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот