ФОТО+ВИДЕО: Врие низ улиците на Шпанија, повредени 29 полицајци

Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите против новите ограничувања воведени во врска со пандемијата на коронавирус, избувнаа од вчеравечер во повеќе градови низ Шпанија, јавија шпанските медиуми.

Немири избувнале во Барселона, Билбао, Бургос, Сантандер, Валенсија и Леон. Според извештаите во медиумите, 29 полицајци и седум демонстранти биле повредени, а 32 лица биле уапсени.

Полициските агенти се соочуваат со демонстрантите за време на протестот против ограничувањата наметнати поради сузбивање на коронавирусот, Бургос, Шпанија/Фото: EPA-EFE/Santi Otero

Во многу случаи, се чини дека насилството го поттикнале екстремно десничарските групи поврзани со фудбалски клубови, според полицијата.

Дневниот весник Ла Вангардија и државната телевизија РТВЕ објавија дека стотици луѓе се тепале со полицајците во Барселона до доцна во ноќта.

Демонстрантите палат во знак на револт/Фото: EPA-EFE/Santi Otero

Тие фрлаа тули кон полицајците, запалиле канти за отпадоци и ограбиле неколку продавници. Уапсени се 12 лица.

За насилството полицијата ги обвини членовите на навивачкиот клуб Боиксос Ноис (Луди момчиња) од фудбалскиот клуб Барселона. Слични инциденти се случиле и во други градови.

Во Вилафранка дел Пендес во Каталонија, околу 120 млади луѓе повикувале на „ослободување“ од ограничувањата и се обиделе да упаднат во градското собрание, објави „Ла Вангуардија“.

Жестоки судири со полицијата, Шпанија/Фото:EPA-EFE/Santi Otero

Шпанија е една од најтешко погодените земји во Европа.

Парламентот во четвртокот го одобри продолжувањето на вонредната состојба во земјата до 9-ти мај. Неколку региони се затворени за патување. Жителите на Каталонија не смеат да ги напуштаат своите градови за време на викендот.

Многу градови, вклучително и Барселона, вовеле полициски час во текот на ноќта.

Училиштата и градинките сè уште се отворени, но рестораните, театрите, кината и спортските сали мораа да ги затворат вратите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот