ФОТО+ВИДЕО | „ТикТок“ сензација: Бела Порч ја споделува својата „мејк ап“ рутина
Бела Порч е трета најследена личност на „ТикТок“. Нејзиното „M to the B“ видео стана мега-хит на платформата во 2020 година, но покрај тоа, таа бележи успеси и во својата поп кариера.
@bellapoarchTo the 🐝 🐝 🐝 #fyp♬ M to the B – Millie B
Во последно време, нејзината препознатливата шминка привлекува се повеќе внимание, инспирирајќи голем број млади луѓе да го следат нејзиниот тренд – интензивен „highlight“, румени образи и долги вештачки трепки се она што денес е познато како „Bella look“.
View this post on Instagram
Сакате да научите како да го постигнете карактеристичн изглед? Бела ја сподели својата „мејк ап“ рутина за Vogue:
„Додека растев не ми беше дозволено да се шминкам за на училиште. Сите дургарки носеа кармин и молив за очи, но мене не ми беше дозволено, па секогаш бев љубоморна“, објаснува Порч, која е родена на Филипините. Нејзиното семејство се преселило во Тексас кога имала 13 години, а подоцна се приклучила на морнарицата.
„Разликата помеѓу шминката од Филипините и шминката во САД е што Филипинците навистина не сакаат пудра и тешка шминка“, објаснува Порч во туторијалот за „Vogue“, фокусирајќи се на, според неа, најважниот дел од нејзината шминка – рименилото. „Пораснав гледајќи аниме, а аниме девојките имаат силно румени образи. Тоа е испирацијата позади мојот „румен“ изглед на ТикТок“, вели таа.
Нејзиниот комплетен излед се карактеризира и со симетрично поделена коса.
„Додека бев во војска, секое утро морав да ја ставам косата во пунџа, и тоа морав да научам како да го правам брзо и лесно. Војската исто така ме научи како да бидам перфекционист. Сè мора да биде совршено“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram