ФОТО/ВИДЕО: Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Лондон, по улиците го испратија илјадници луѓе

ФОТО: EPA-EFE/YOAN VALAT

Британскиот крал Чарлс Трети и сите членови на потестното кралско семејство вечерва се собраа во четвртокот вечерта во Бакингемската палата за да го дочекаат ковчегот со починатата кралица Елизабета Втора, а на улиците на Лондон, илјадници луѓе ја испратија нивната кралица на последното патување.

Кралицата почина минатиот четврток во својата летна резиденција, замокот Балморал во Шкотска, на 97-годишна возраст. Таа беше најдолговечниот британски монарх, а на тронот остана 70 години и 7 месеци. Нејзиното тело беше пренесено во катедралата „Сент Џајлс“ во Единбург, а денеска, со авион на Кралското британско воздухопловство, во Лондон.

Фото: EPA-EFE/A/CPL Ciaran McFalls RAF/BRITISH MINISTRY OF DEFENCE/HANDOUT MANDATORY CREDIT: MOD/CROWN COPYRIGHT

„Ми преставуваше чест и привилегија да бидам со неа на нејзините последни патувања. Ме разнежнија љубовта и почитта кои толку многу луѓе ги изразија на овие патувања“, вели принцезата Ана во писмената изјава за јавноста.

Утре ковчегот на кралицата Елизабета, поставен на топовски лафет и во голема воена поворка, ќе го мине патот до Вестминстер Хол, зградата на британскиот Парламент, каде ќе остане до закопот на 19 септември. Граѓаните ќе може да минуваат покрај ковчегот 24 часа на ден, до утрото на денот на погребот, на кој ќе присуствуваат десетици светски челници, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот