ФОТО: Вандализиран Споменикот на победата во Тетово

Непознати вандали денеска го оштетиле Споменикот на победата во строгиот центар на Тетово, на кој е сронет дел од малтерот на основата.

Неофицијално, според очевидци, споменикот го оштетиле деца, удирајќи со камења.

Во минатото, овој споменик многупати беше вандализиран, а последен пат тоа се случи лани во октомври, за време на предизборната кампања, кога активисти на Беса го искчртаа и го излепија со плакати со ликот на нивниот лидер Биљал Касами, кој потоа стана и градоначалник.

Последното сквернавење го осуди Општинската организација на Сојузот на борците од градот.

„Општинската организација на Сојузот на Борци најостро го осудува овој вандалски и нецивилизациски однос на поединци и групи кои го оштетиле споменикот на револуцијата, а кој ја симболизира антифашистичката борба на македонскиот народ и од другите националности кои несебично се жртвуваа за национална слобода. Бараме сторителите да бидат откриени и кривично да одговараат за стореното“, реагираа од организацијата.

Споменикот на победата, кој денес е познат и под името Споменик на револуцијата, е посветен на триумфот на антифашистичките сили во Народноослободителната војна. Тој е изграден во 1962 година и е дело на првата тетовска вајарка Борка Аврамова, која според хроничарот на Тетово Дарко Гавровски е автор на првата самостојна изложба на скулптури во Македонија (Скопје, 1954), што воедно била и првата самостојна изложба на жена-уметник кај нас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот