ФОТО: Споменикот на победата во Тетово исчкртан и облепен со предизборни плакати

Споменикот на револуцијата во Тетово, вандализиран на почетокот на предизборната кампања / 27 септември 2021 / фото: Фејсбук

Предизборната кампања во Тетово започна скандалозно, со вандализирање на Споменикот на победата во центарот на градот, кој утрово осамна облепен со предизборни плакати и исчкртан со боја.

Постерите со ликот на кандидатот на Беса за градоначалник, Биљал Касами, целосно го покриваат долниот дел од споменикот, а активистите на партијата, кои очигледно биле нетрпеливи да го одбележат официјалниот почеток на лепењето плакати пред изборите, дури и со спреј го начкртале редниот број на гласачкото ливче.

Споменикот на револуцијата во Тетово, вандализиран на почетокот на предизборната кампања / 27 септември 2021 / фото: Фејсбук

Граѓаните на социјалните мрежи упатуваат пораки на осуда за оштетувањето на еден од последните споменици посветен на НОБ во Тетово, кој досега повеќепати беше осквернавен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот