Доналд Трамп/ Фото: EPA/YURI GRIPAS / POOL

ФОТО: Трамп се прогласи за претседател на Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ објави негова фотографија под која пишува дека тој е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, но и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

На 3 јануари, Соединетите Американски Држави спроведоа воена операција во Венецуела во која беа уапсени претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да бидат судени во Њујорк по обвинение за трговија со дрога и оружје.

Трамп објави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. По апсењето на Мадуро, неговата потпретседателка, Делси Родригез, положи заклетва како привремена претседателка.

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства – Слободен печат

Трамп претходно предупреди дека Родригез може да „плати многу висока цена“ ако не соработува со САД.

 

ВИДЕО | Како Америка го уапси Мадуро? – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот